ЗАЕВ БАРА ЧИСТ МАНДАТ ЗА ДА И СЕ ПОСВЕТИ НА ЕКОНОМИЈАТА
„Барам чист мандат за да се покажаме на економски план. Лично ќе се посветам со огромна доминација на економијата, за да има вистински економски натпревар меѓу политичките субјекти, заради тоа што уште еднаш кажувам две работи се тие што ќе бидат доминантни во следниот четиригодишен период: економија и трансформација севкупна на нашето општество“, истакна денеска претседателот на СДСМ, Зоран Заев пред почетокот на средбата со стопанственици во просториите на Сојузот на стопански комори на Македонија.

