|

Алијанса за Албанците и Алтернатива: ДУИ злоупотребува деца во предизборна кампања

Се чини дека на ДУИ не им е доволно притисокот врз администраторите, наставниците и професорите со закани и уцени да учествуваат во нивните предизборни митинзи во кампањата, овој политички субјект не ги штеди ниту децата со нивно користење и злоупотреба во нивните предизборни кампањи, додека сериозно ги кршат правата на децата, реагираат од Алијанса за Албанците и Алтернатива.

„Овој феномен често се повторува на митинзите на ДУИ. Последниот случај беше злоупотребата на деца од страна на кандидатката за градоначалник на општина Тетово од редовите на ДУИ, Теута Арифи, која на својот официјален профил објави фотографии со децата на Боксерскиот клуб ‘Шкендија Нолимит’ и со што се обидува да добие политички поени. Овој грд гест на Теута Арифи, која се фотографира со деца среде кампања, уште повеќе нè потсетува дека градоначалничката во заминување не направи ништо за децата на Тетово, оставајќи ги нив без детски парк, без игралиште за нив, без спортски активности и без образ и без срам оди и се фотографира со деца за време на кампањата“, велат од оваа коалиција.

Според нив, митинзите на ДУИ и отворањето на штабовите на оваа партија стануваат, како што велат, сè поопасни поради рафалите и истрелите затоа ова претставува уште поголема опасност за децата и другите кои можат да бидат присутни во некој штаб на ДУИ како оној во Чаир или Желино.

„Бараме од Мисијата на ОБСЕ и ОДИХР во Северна Македонија да ја евидентираат оваа загриженост во нивниот извештај за предизборната кампања, исто така ја повикуваме и Првата амбасада за деца во Македонија ‘Меѓаши’ да го кренат гласот за кршење на правата на децата кои се злоупотребуваат во изборната кампања“, стои во писменото соопштение од Алијанса за Албанците и Алтернатива.

Извор: Темите



Слични Објави