ГЕРБ и СДС ја информирале ЕНП за говорот на омраза на настан на ВМРО-ДПМНЕ

//

Бугарската партија ГЕРБ ја информира Европската народна партија за говорот на омраза од страна на припадник на Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ. Стои во позицијата на коалицијата ГЕРБ-СДС, испратена до БГНЕС.

„ГЕРБ и СДС остро го осудуваат говорот на омраза од страна на функционери на опозициската партија во Република Северна Македонија – ВМРО-ДПМНЕ. „Таквиот политички екстремизам е спротивен на сите човечки вредности врз кои е изградено модерното општество“, велат од коалицијата.

ГЕРБ-СДС го повикаа раководството на ВМРО-ДПМНЕ да се разграничи и да ја осуди оваа провокација и веќе да не се служи со толку силна антибугарска реторика од последните години.



„Како дел од семејството на Европската народна партија, ГЕРБ и СДС официјално ќе ги информираат раководствата и на другите сестрински партии и ќе го постават прашањето за компатибилноста на ваквите екстремни позиции со вредносниот систем на нашето политичко семејство“, соопштуваат од коалицијата ГЕРБ-СДС .

Претходна статија

Јанша: Ја разбирам позицијата на Бугарија за ветото врз РС Македонија

Следна статија

МНР на Бугарија со осуда за говорот на омраза на настан на ВМРО-ДПМНЕ

Најново од Вести