| |

ОХРИД 1: ПУКАНО ПРЕД ШТАБОТ НА ДУИ ВО ОХРИД И ДОМОТ НА НЕФИ УСЕИНИ

Малку пред полноќ како што информира порталот Охрид1 , било пукано од огнено оружје кај штабот на владејачката Демократска унија за интеграција (ДУИ) во Охрид, на улицата „Гоце Делчев“, а неколку мигови потоа се чуле истрели и блиску до куќата каде живее советникот Нефи Усеини, кој е и прв човек на ДУИ во Охрид, се додава во информацијата.

Според првите непотврдени инфромации, било пукано од автомобил во движење, а во настанот оштетено е едно возило со охридски регистарски ознаки. Според непотврдените информации, возилото било на случаен минувач и е подигнато за натамошно вештачење.

Слични Објави