|

Масакр во САД: убил 8 луѓе, од кои 7 од исто семејство, шефот на полицијата вели дека досега не видел полошо злосторство

Властите на американската сојузна држава Илиноис синоќа почнаа потрага по 23-годишниот Ромео Ненс, осомничен за убиство на осум лица со огнено оружје во градот Џолиет, на околу 56 километри од Чикаго, извести полицијата.

Масовниот убиец бил пронајден во голема полициска потрага во близина на градот Наталија, Тексас, каде по пресметката со полицијата извршил самоубиство. Засега не е познат мотивот за убиствата, но осомничениот ги знаел своите жртви, соопштија полициските службеници во изјава за медиумите.

Првата жртва, 28-годишен маж со потекло од Нигерија, кој живеел во САД во последните три години, бил застрелан од осомничениот во неделата попладне од неговото лично возило. Следното утро, полициските службеници пронашле пет тела во куќата во која живеел осомничениот, а потоа уште две тела во куќата спроти улицата, со што бројот на жртви се искачи на осум.

За последните седуммина убиени, чии тела се пронајдени во две куќи, полицијата смета дека се членови на исто семејство.

„Јас сум полицаец веќе 29 години. Ова е веројатно најлошото злосторство што сум го сретнал“, рекол шефот на полицијата на Џолиет, Вилијам Еванс.

Ден Џанглс, началникот на полицијата во округот Вил, рече дека сè уште не е познато колку долго луѓето во домовите биле мртви пред да бидат пронајдени. Покрај тоа, во престрелката е ранета и 42-годишна жена, за која постои сомневање дека е истото лице, но таа не била поврзана со другите жртви.



Слични Објави