Aлиу нов министер за здравство
Попладнево пратениците во Собранието го избраа Азир Алиу за нов министер за здравство.
Алиу кој доаѓа од редовите на коалицијата „Вреди“ беше избран од присутните 95 пратеници, при што 65 гласаа „за“ Алиу, а 15 беа „против“. Тој доаѓа на местото на Арбен Таравари која ја напушти Владата и коалицијата.
Алиу според неговата биографија е дипломиран електроинженер и доктор по компјутерски науки, кој моментално ја извршува функцијата редовен професор на Факултетот за компјутерски науки и технологии при факултетот во Тетово.

