РИКЕР СО ВЕТАР ВО ГРБ ЗА ЗАЕВ: РЕШЕНИЕ ЗА БИЛАТЕРАЛНИТЕ ПРАШАЊА НАДВОР ОД ЕУ ИНТЕГРАЦИЈАТА

Заедно со нашите европски партнери ќе продолжиме да настојуваме да се одржи Меѓувладината конференција со Северна Македонија за време на германското претседателство со ЕУ, му напиша помошникот државен секретар за европски и евроазиски прашања во американскиот Стејт Департмент Филип Рикер на премиерот Зоран Заев. Тој го повтори ставот на САД дека решение за билатералните прашања треба да се бара надвор од процесот за интеграција на Македонија во ЕУ.

loading...

Во писмото Рикер вели дека се разочарани што земјите членки на Европската унија не постигнаа согласност да ја одобрат преговарачката рамка за почеток на преговорите и додава дека Соединетите Американски Држави остануваат посветени во поддршката на Северна Македонија за нејзините интеграции кон ЕУ.

„Вашата земја покажа дека е доверлив сојузник во НАТО и голем пријател на САД. Пристапувањето на вашата земја во ЕУ останува наш врвен заеднички интерес и ние ќе продолжиме да го застапуваме настојувањето и поддршката заедно со нашите европски партнери за одржување на меѓувладината конференција со Република Северна Македонија за време на германското претседателство со ЕУ“.

САД ги следат и разбираат предизвиците и сложените прашања низ кои поминува процесот, а Северна Македонија и досега покажа дека не отстапува кога е неопходно да се завршат успешно потребните процеси за да се обезбеди одржлив мир, сигурност за просперитет за своите и за граѓаните на соседните земји. Тоа е докажано со постигнувањето на историскиот договор од Преспа и со Договорот за добрососедство и пријателство со Бугарија во 2017 година.


loading...

(Целиот напис прочитајте го на МКД-њуз)