| |

Милков: Русија сѐ уште не ни ги соопштила причините за потерницата по Христо Грозев

„Во првиот можен момент ја повикавме на разговор во министерството амбасадорката Митрофанова и го изразивме нашиот силен протест против решението на Руската федерација да издаде потерница по бугарски новинар. За време на средбата се истакна дека ние не сме информирани и до денешен ден за мотивите за потерницата, ниту од страна на руската амбасадорка, ниту од страна на официјална Русија”, изјави денеска во бугарскиот Парламент службениот министер за надворешни работи на Бугарија, Николај Милков.

„Нашата позиција е јасна, ние ја осудуваме војната во Украина”, истакна Милков и додаде дека поради таа причина дијалогот со Русија е замрзнат.

,,На средбата со Митрофанова ние ја изразивме нашата осуда за потерницата по Грозев и ја определивме како кршење на слободата на изразување. Нидерландија и Австрија исто така реагираа остро. Христо Грозев се наоѓа на австриска територија, но бугарската позиција беше најцврста” , вели Милков.

Во однос на отворањето на нов генерален конзулат во РС Македонија Милков истакна: ,,Прашањето за отворањето на нов генерален конзулат во РС Македонија е политичко и одлуката треба да биде донесена од редовна Влада. Моето експертско мислење е дека колку поголемо е бугарското присуство во РС Македонија тоа е толку подобро, но треба да се направи анализа и финансиска оценка“.



Слични Објави