РИЖОТО СО ТИКВА
Подготовка:
1 лажичка ориз
1 кромид
4 лажици путер
1/2 чаша бело вино
200 гр. тиква
1/3 лажичка црн бибер
градинарски чај
50 грама пармезан
Подготовка:
100 гр. тиква сварете ја и испасирајте ја, а преостанатите 100 гр. тиква исецкајте ги. Во длабоко тенџере, или тава, загрејте ги 2-те лажици путер, а потоа ставете го исечениот кромид и мешајте додека не омекне. Додадете го оризот и исечената тиква и мешајте уште неколку минути. Додадете лажичка сол, бибер и градинарски чај.
Како што правите секој пат кога ќе правите рижото и овој пат малку по малку ја додавате течноста. Прво додадете го виното и измешајте додека оризот целосно не го апсорбира. Малку по малку, додавате и околу 2 1/2 чаши вода, така што секој пат додавате 1/2 чаша мешајќи додека водата не се апсорбира целосно. На крај, додадете го преостанатитот путер, рендан пармезан и сварената тиква и варете уште една минута или две.
На здравје!
