|

Спасовски: Одлуката на Стразбур покажа дека како држава сме презеле вистински чекори

Денешното одбивање на жалбите за поништените аболиции од поранешниот претседател Ѓорѓе Иванов од Европскиот суд за човекови права во Стразбур покажува дека домашните институции презеле вистински чекори, смета министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски. Како и Владата, и тој ја поздрави одлуката на судот.

„Сметам дека оваа одлука покажа дека навистина државата презела вистински чекори, дека целосно се почитувани стандардите од Конвенцијата за човекови права. Со одлуката се потврди работењето на институциите во претходниот период. За постапките не би коментирал, да не оставиме впечаток на влијание, продолжуваат во судските институции. Оваа порака од Стразбур е силна порака и мотив сите да работиме за искоренување на криминалот и борба против корупцијата“, рече министерот Спасовски.

Судот за човекови права во Стразбур денес донесе решение, во кое посочува дека апликациите за дадените и поништени аболиции од претседателот Ѓорге Иванов за четирите случаи на Специјалното јавно обвинителство се преуранети.

Во тек се судските процеси за четирите предмети, па од Стразбур сметаат дека тие може да донесат пресуда откога ќе се исцрпат сите правни лекови во Македонија.

Слични Објави