|

Премиерот им дели математички формули на новинарите

Премиерот им даде математичка формула на новинарите за да пресметаат кога ќе бидат разрешени и именувани министрите.

Премиерот Димитар Ковачевски им даде на новинарите математичка формула за да пресметаат колку ќе траат разрешувањата и именувањата на нови министри во Собранието. Времето зависи од дискусиите кои се водат.

Според формулата, ако седницата трае по 24 часа, три дена ќе траат само дискусиите, без реплики, контра-реплики, паузи и слично.

„Во Собранието има мнозинство поголемо од сега. Не се развлекува дискусијата од моја страна. Колку ќе трае дискусијата зависи од бројот на дискутанти. Од опозицијата има голема заинтересираност, сите се пријавени. Ако 40 пратеници се пријават за секое разрешување и именување и тоа го помножите со десет и го добиете вкупниот број, па го поделите со 24, ќе пресметате за колку дена ќе заврши дискусијата, под услов да се работи 24 часа“ – објасни Ковачевски.

Денеска продолжува собраниската седница за влезот на Алијанса за Албанците во Владата.

 

Слични Објави