| |

„МРТВА“ ТРКА ВО ОХРИД-КОЈ ЌЕ ОДИ ВО ВТОРИОТ КРУГ?

Според податоците на анкетата објавена на нашиот портал разликата меѓу тројцата најсериозни кандидати за градоначалничката функција во Охрид е многу „тесна“. Според извадокот од 19:30 од денеска (7 април) на 12 дена до крајот на кампањата, од 734 луѓе што гласале, 233 гласале за Константин Георгиески од СДСМ, 227 гласале за Митре Милошески од ВМРО-ДПМНЕ а 225 за Михаил Трендафилов-Нанче од редовите на ГДУ.

Од податоците што ги имаме од терен, расположението кај охриѓани за кандидатот на ГДУ е повеќе од позитивно и нема да биде изненада ако Нанче влезе во вториот круг, оставајќи го позади себе кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ, Митре Милошески.



Слични Објави