ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ И ЗАЕВ ОД МАКЕДОНИЈА ГЛЕДААТ САМО ЗЕМЈА НА БИЗНИС ИНТЕРЕСИ

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски денеска оствари средба со граѓаните во општина Босилово.

При обраќање пред граѓаните претседателот Мицкоски рече дека тој и ВМРО-ДПМНЕ ја гледаат Македонија како држава на богати и задоволни граѓаните, додека СДСМ и Заев од Македонија гледаат само земја на бизнис интереси.

Затоа што вие со полни вреќи пари сакате да одите во иднината, а ние сакаме Македонија да ја видиме иднината достоинствена, честита и земја во која што секој ќе се гордее со сопствената држава. Вие иднината ја гледате за да пљачкате и богатите, а ние иднината ја гледаме Македонија богата земја и земја на богати граѓани, вели Мицкоски.

Тој потенцираше дека СДСМ и Заев се срамат да ја пеат македонската химна и се срамам од вековната историја на државата, додавајќи дека граѓаните ги препознале нивните лоши политики и поради тоа ќе ги казнат на претстојните претседателските избори на 21 април, а тоа ќе го потврдат и во вториот круг на 5 мај.

Вие, вие господа од врхушката на СДСМ се срамите од нашето вековно минато. Господа од врхушката на СДСМ имате проблем со себе, а ние и народот во Македонија имаме со вас но тој проблем ќе го решиме на 21 април а потоа ќе го потврдиме на 5 мај.

Ние господа од СДСМ не се срамиме и не се плашиме да запееме дека „Денес над Македонија се раѓа„ и дека „Македонците се борат за своите правдини“, кажа Мицкоски.

Мицкоски побара масовно излегување на претседателските избори и давање поддршка на кандидатот за претседател на Република Македонија Проф. д-р Гордана Силјановска Давкова, се со цел конечно да се врати правото и правдата во државата, се вели во соопштението на политичката партија ВМРО-ДПМНЕ.