Градоначалникот на Софија ја повлече одлуката за прекин на конкурсот за возобновување на Војничкиот споменик во центарот на градот
Градоначалникот на Софија, Васил Терзиев, ја повлече одлуката за прекин на конкурсот за возобновување на Војничкиот споменик посветен на загинатите војници од I Софиjски пешадиски полк и VI. Трновски пешадиски полк пред Националниот дворец на културата во центарот на бугарскиот главен град, јавува Актуелно.
Терзиев самиот ја соопшти одлуката за време на состанокот на Комисијата за култура во Општинскиот совет на градот Софија.
По предлог на општинските советници од ГЕРБ, „Сина Софија“ и „Има таков народ“, Комисијата за култура на СОС на седница на општинскиот совет требаше да одлучи да гласа против претходната одлука на градоначалникот.
По неговиот говор, извештајот на советниците беше повлечен. Васил Терзиев своето одбивање да го прекине конкурсот го оправда со резултатите од неколкуте состаноци што ги одржал на оваа тема, без да прецизира со кого биле истите. Градоначалникот се уште гледа проблеми со конкурсот како што беше заклучено. Едно од нив е бројот на имињата на загинатите на кои ќе им се оддаде почит – наместо 4.000, како што тврдат некои историчари, ќе има само 3.000 имиња, рече Терзиев.
