|

20 години од загинувањето на десетте припадници на македонските безбедносни сили кај Карпалак

Денеска се одбележува 20-годишнината од загинувањето на 10 бранители во конфликтот во 2001. Тогаш, припадниците на УЧК со ракетни фрлачи го нападнаа конвојот на АРМ во кој се превезуваа бранителите кои се упатуваа на боиштето во Тетовско. Во нападот со проектил беше погоден автобусот, при што загинаа 10 бранители од Прилепско, а поголем број беа ранети.

На 8 август 2001 година во заседа поставена кај месноста Карпалак на автопатот Скопје–Тетово загинаа: Сашо Китаноски, Нане Наумоски, Бранко Секулоски, Марко Деспотоски, Ердован Шабаноски, Љубе Грујоски, Дарко Велјаноски, Веби Рушитоски, Горан Миноски и Пеце Секулоски, сите од резервниот состав на Армијата.

Слични Објави