Одлична вест од Брисел: Сертификатите за Ковид 19 на Северна Македонија ќе бидат признаени во цела ЕУ

//

Северна Македонија прва земја во регионот за која сертификатите за КОВИД-19 ќе се сметаат за еквивалентни на Дигиталниот сертификат на ЕУ.

Европската комисија денеска донесе одлука со која се гарантира дека сертификатите за КОВИД-19 издадени од Република Северна Македонија ќе се сметаат за еквивалентни на Дигиталниот сертификат на ЕУ за КОВИД-19. Ова значи дека нашата земја ќе биде поврзана со системот на ЕУ и дека сертификатот за КОВИД-19 издаден од нашите авторитети ќе биде прифатен во ЕУ под истите услови како и Дигиталниот сертификат за ЕУ. Во пракса, носителите на овие сертификати ќе можат да ги користат под истите услови како и носителите на ЕУ Дигиталниот сертификат за вакцинација.

На овој начин нашите граѓани ќе ги избегнат ограничувањата во патувањата, како што се дополнително тестирање или карантин. Во неопходни случаи, како што е заштитата на јавното здравје, земјите членки можат да преземат дополнителни мерки.



Извор: Zoom. mk

Претходна статија

На ГП Табановце се чека околу два часа

Следна статија

Стејт департментот објави документ за помошта која што се очекува за бегалците од Авганистан

Најново од Вести