АКО МЛАДОСТА ЗНАЕШЕ, АКО СТАРОСТА МОЖЕШЕ!- ПОГОВОРКИ
- Новата метла добро чисти, но старата метла ги знае аглите.
- Во царството на слепите, едноокиот е крал.
- Кој е здрав тој е богат.
- Во нужда другар се познава.
- Бистра вода, мирна глава.
- Господ трпи, но не спие.
- Ако младоста знаеше, ако староста можеше!
- Ако раката дава но срцето не дава, се е напразно.
- Ако има грешка има и прошка.
- Ако сакаш да земаш, научи се да даваш.
- Евтиното месо и кучиња не го јадат.
- Законот е за коњот, а не за лавот.
- Лесно да се ветува, тешко се дава.
- Магарето и на аџилак да појде, пак магаре ќе се врати.
- Многумина знаат да заработат пари, малкумина знаат како да ги чуваат.
- Луд свири, луд игра, кој гледа ум нема.

