Европскиот парламент ќе расправа за пристапувањето на Бугарија и Романија кон Шенген зоната

//

Европскиот парламент на денешната седница ќе расправа за пристапување на Бугарија и Романија во Шенген-зоната, при што се очекува европратениците да побараат проширување на областа на слободно движење за да ги вклучи сите земји-членки на ЕУ што сакаат да бидат вклучени во неа.

Освен Бугарија и Романија, во моментов надвор од Шенген се и Хрватска, Кипар и Ирска.

Тоа не се први дебати во Европскиот парламент на кои се упатува повик Бугарија и Романија да се вклучат во областа на слободното движење. Апел имаше и во резолуциите усвоени во 2018 и 2020 година, како и во минатогодишниот извештај за функционирањето на Шенген-зоната. Европската комисија, исто така, во повеќе наврати апелираше за влез на Бугарија и Романија во зоната.



За тоа да се случи е неопходна едногласна согласност во Советот на ЕУ. Прашањето не беше приоритет на француското претседателство во Унијата што заврши на крајот на јуни, а администрацијата на претседателот Емануел Макрон беше на мислење дека пред приемот нови членки треба да се спроведат реформи во Шенген-зоната. Холандија и натаму се спротивставува на приемот нови членки.

Претходна статија

Еврејски организации од Бугарија со поддршка за здружението „Цар Борис III“ од Охрид

Следна статија

Милков: Бугарија е ЕУ и додека РС Македонија преговара со ЕУ, преговара и со Бугарија, нашите барања се во преговарачката рамка

Најново од Вести