|

Заев за пожарот во ковид болницата во Тетово: Животот продолжува, се случуваат секојдневни активности, го чекаме извештајот за да го кажам ставот

Јас знам дека форензичките извештај и анализите на вештачењето со се, се при крај. И навистина очекувам да се објават, ден поскоро толку е подобро, еве за да ги решиме сите овие дилеми, рече премиерот Зоран Заев одговарајќи на новинарско прашање во врска до истрагата за пожарот во тетовската модуларна болница.

– Колку е поскоро, толку подобро, за да ги решиме сите дилеми. Животот продолжува, политичарите се во кампања, се случуваат секојдневни активности. Ред е да се објави тој извештај за да можам и јас да го кажам својот став по повод понудените оставки од министерот, заменик-министерот…., рече Заев, одговарајќи на новинарско прашање.

Извор: Zoom. mk

Слични Објави