| |

Гала оперски концерт на светски познатата бугарска оперска ѕвезда Александрина Пендачанска

На сцената на Националната опера и балет на 8 март, со почеток во 20:00 часот, ќе се одржи гала оперски концерт на светски познатата оперска дива од Бугарија, Александрина Пендачанска, сопран.

На концертот ќе настапат и солистите: Ралица Богданова (сопран), Зоран Сотиров (тенор), Марјан Јованоски (баритон) во придружба на Oркестарот на Националната опера и балет.

Диригент е Бисера Чадловска, а концерт-мајстор e Климент Тодороски.

На програмата се оперски арии од композиторите: Бах, Моцарт, Бизе, Верди,  Росини, Леонкавало, Џордано и др.



Слични Објави