(ВИДЕО) ИЛОН МАСК ТЕСТИРАШЕ ЕЛЕКТРИЧЕН VOLKSWAGEN

//

Илон Маск неодамна ја посетил својата фабрика во Берлин која е во фаза на изградба, а потоа се нашол лице в лице со неговиот главен ривал, Херберт Дис. Тој се сретнал со првиот човек на Volkswagen на мал аеродром во Брунсвик, а состанокот траел околу два часа, пренесува Automotive News Europe.

Во таа прилика, Маск го провозил iD.3, моментално најјакиот електричен адут на Volkswagen, а со тоа и најголем ривал на најевтиниот модел на Tesla, Model 3. Маск бил заинтересиран за капацитетот на батеријата и вградената технологија, а го пофалил чувството зад воланот при тестирање на возилото. Маск имал можност да го испроба и ID.4, електичниот кросовер модел кој наскоро ќе се појави на пазарот.

Дис и претходно покажуваше наклонетост кон Маск, а сега објави видео од нивната средба. Видеото можете да го погледнете тука.



Како потсетување, Volkswagen планира електрична офанзива за достигнување на продажбата на Tesla до 2023 година. Тоа би значело производство на максимум 1,5 милиони електрични возила годишно.



Претходна статија

ПРОМОЦИЈА НА КНИГАТА „ТЕЛОТО ВО КОЕ ТРЕБА ДА СЕ ЖИВЕЕ“ ОД ПЕТАР АНДОНОВСКИ ВО СОФИЈА

Следна статија

ВМРО ДПМНЕ ОД ВЕЧЕРВА ИЗЛЕГУВА НА УЛИЦА ПРОТИВ ПОСКАПУВАЊЕТО НА СТРУЈАТА

Најново од Видео