Бугарија со 8 медали на 41-та Балканска олимпијада по математика
Бугарија освои осум медали – две златни, две сребрени и четири бронзени – на 41-та Балканска олимпијада по математика што се одржа кај Варна во одморалиштето „Сончев ден“ со 137 учесници од 22 земји, јавува БНР.
Златните медали им припаднаа на Дејан Хаџи-Манич од средното математичко училиште во Варна и на Марин Христов од Софиската математичка гимназија.
Бугарија е трета во екипното рангирање по Турција и Романија.
Гости на официјалното доделување беа министерот за образование и наука проф. д-р Галин Цоков, градоначалникот на Варна Благомир Коцев и раководителот на Регионалниот инспекторат за образование д-р Ирена Радева.
Министер Галин Цоков рече дека 8-те медали што ги освоија бугарските учесници се добар почеток за бугарските олимписки тимови.