|

ВМРО-ДПМНЕ: Кандидатурата на Мециновиќ е договор на Левица со СДСМ и ДУИ

ВМРО-ДПМНЕ реагира дека кандидатурата на пратеникот Амар Мециновиќ за градоначалник на Скопје е резултат на договор на Левица за помош на СДСМ и ДУИ, со цел да се спречи победа на Орце Ѓеорѓиевски уште во првиот круг.

„Јасно е дека кандидатурата на Амар Мециновиќ е дил на Левица за помош на ДУИ и СДС, со математика Орце Ѓеорѓиевски да не победи уште во првиот круг,“ наведуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Од партијата посочуваат дека Левица не успеала да најде друг кандидат за главниот град. „Затоа Левица не можеше да најде ниту еден друг кандидат и никој друг не се нафати за кандидат за градоначалник за Скопје, па затоа го кандидираа пратеникот Амар Мециновиќ,“ велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Дополнително, тие го прашуваат Мециновиќ дали ќе ја следи практиката за која претходно се залагаше лидерот на Левица, Димитар Апасиев. „Го прашуваме Мециновиќ, со оглед на тоа што Димче Апасиев бараше пратениците на ВМРО-ДПМНЕ кои се кандидати за градоначалници да си поднесат оставка, дали Мециновиќ ќе си поднесе оставка од пратеник бидејќи е кандидат за градоначалник,“ стои во реакцијата.



Слични Објави