(Видео) „Мокар од дожд не се плаши“- филм на Драгомир Драганов за пожарот во Софискиот државен циркус, по чиј изглед е изградена и Универзалната сала во Скопје
На 25 септември 1983 година во Софија изгорел Софискиот државен циркус. Пожарот е еден од најголемите од историјата на Бугарија.
Софискиот државен циркус е уникатна архитектурна форма проектирана од фамилијата Станкови. Конструкцијата може да се склопува и расклопува и да се преместува на друго место.
Куполата на циркусот е признаена за светски изум и е патентирана заедно со слични градби во Париз, Варшава и Скопје.
По пожарот од Софискиот државен циркус останува само пепел. 6 месеци по пожарот нема официјална верзија за причините. А во тоа време бугарскиот циркус е на второ место во светот.
Во 2018 година познатиот бугарски новинар Драгомир Драганов го снима филмот,,Мокар од дожд не се плаши ” во кој ги претставува фактите за настаните што од денешна перспектива се случиле пред 40-тина години.
Во филмот се собрани мислењата на сведоци, соседи, воени и пожарни служби, артисти во циркусот и нивни наследници и на луѓето кои учествувале во гасењето на самиот пожар.
Денеска кога во Скопје гореше Универзалната сала чиј изглед е копија на Софискиот државен циркус а самата Универзална сала е донација од Бугарија, по разорниот земјотрес што го погоди Скопје во 1963 г. , ви го прикажуваме документарниот филм на Драгомир Драганов за пожарот во државниот циркус во Софија.
Сценарио: Драгомир Драганов
Режисер: Николај Василев
Оператор: Борислав Георгиев
Продуцент: БНТ, Продукциски центар „Телевизиска филмска продукција – Студио „Екран“

