|

Словачкиот премиер повторно опериран: последните информации за состојбата на Роберт Фицо два дена по атентатот

Словачкиот премиер Роберт Фицо, кој во средата беше тешко ранет во обид за атентат, имаше уште една операција.

Ова го потврди министерот за одбрана Роберт Калињак пред болницата во Банска Бистрица, каде премиерот е од средата по атентатот.

Операцијата траеше околу два часа, а лекарите се обидоа „да ја поместат состојбата на пациентот на позитивна прогноза“, рече Калињак.

Тој додаде дека „ситуацијата е сè уште многу сериозна, но премиерот е свесен“.

„Првите четири дена по пукањето се најсложените“, рече Калињак за состојбата на премиерот.

Тој додаде дека „е порасположен бидејќи гледа напредок“.

Според него, денешната операција покажала дека првата операција била добро направена.

Тој додаде дека ги одбиле сите понуди од странство и дека премиерот ќе се лекува во Словачка.



Слични Објави