|

Сè повеќе насилство врз мигрантите на границите на ЕУ

Групата Левица-GUE/NGL во Европскиот парламент и Мрежата за следење на граничното насилство утврдија дека се повеќе насилство се применува врз имигрантите на границите на земјите од Европската унија.

Групата, заедно со Мрежата за следење на граничното насилство, која главно работи во балканските региони и Грција, известува за кршење на човековите права на надворешните граници на ЕУ во текот на 2021 и 2022 година.

Во извештајот, наречен „Црна книга на одбивањата“, се наведува дека само пет проценти од интервјуираните луѓе во 2021 година кажале дека не биле подложени на „прекумерна сила“ или биле сведоци на употреба на „прекумерна сила“ додека биле депортирани од Европа.

„Многу од овие страници се полни со сведоштва на луѓе во движење кои биле тепани, клоцани, навредувани, понижувани и произволно притворени пред да бидат незаконски вратени назад, како од надворешните граници на ЕУ, така и длабоко во териториите на земјите-членки“, се навеудва во извештајот.

Жртви на тортура

Во извештајот се наведува дека во голем број случаи жртвите биле изложени на различни методи на тортура, како што се силување, сексуална злоупотреба, прекумерно и продолжено тепање, употреба на електрично огнено оружје на нив, па дури и фрлање во река, понекогаш од граничните службеници, се објаснува во извештајот.

Нагласено е дека не станува збор за единечни акции на „неколку скапани јаболка“, туку за „европски системи зајакнати од врвот“.

„Ја поминавме точката да негираме дека постојат отфрлања. Имаме докази од камери, медицински извештаи и повеќе од 1.000 сведоштва. Ова се само податоците што успеавме да ги собереме“, изјави еден од аналитичарите на споменатата мрежа Хоп Баркер.

„Ова е само врвот на ледениот брег, има стотици илјади приказни што не сме ги слушнале. Одбивањата се незаконски. Ќе продолжиме да се бориме со нив и да ги објавуваме овие извештаи додека не престане ова насилство“, додаде тој.

Корнелија Ернст, германска членка на групата левица-GUE/NGL, ја обвини Европската комисија дека не покренала прекршочни постапки против земјите-членки на ЕУ кои ги репресираат мигрантите и одбиваат азил.

Извештајот вклучува случаи во Грција, Бугарија, Австрија, Италија, Словенија, Хрватска, Полска, Унгарија, Романија, Србија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Северна Македонија, Албанија и Косово.

Извор: alsat.mk

Слични Објави