| |

Денков: Бугарија и РС Македонија немаат билатерални односи, има односи меѓу РС Македонија и ЕУ и условите што треба да се исполнат

„Ние бевме првата земја во светот што ја призна Северна Македонија како независна европска земја“, изјави бугарскиот премиер академик Николај Денков во своето обраќање пред европратениците во Европскиот парламент во Стразбур.

„За жал, со текот на годините нашите односи се влошија и не мислам дека Бугарија е виновна за тоа. Затоа, сакам јасно да кажам дека во моментов Бугарија нема други барања кон Северна Македонија, освен оние утврдени во одлуката на ЕУ од минатата година. Денес нема билатерални односи меѓу Бугарија и Северна Македонија, има односи меѓу Северна Македонија и ЕУ. Тие услови мора да ги исполни Северна Македонија за да го отвори преговарачкиот процес. Во овој поглед, јас не прифаќам никаква критика кон нашата земја од сегашна перспектива“, изјави бугарскиот премиер академик Денков.



Слични Објави