Вo четврток ќе биде прогласена кризна состојба во енергетиката

/

Владата в четврток се очекува да прогласи кризна состојба за електричната и топлинската енергија, потврдија за МИА владини извори, пренесува zoom.mk.

Одлуката треба да важи од 1 септември, а беше најавена од страна на министерот за економија Крешник Бектеши на последната прес-конференција со директорот на АД ЕСМ, Васко Ковачевски.

Од Владата уверуваат дека нема да има рестрикции на струја во престојниот зимски период.



– Рестрикции на струја нема да има, ниту се очекуваат ако сé оди според планот на ЕСМ, изјави Бектеши на прес-конференцијата со директорот на ЕСМ на која ги презентираше владините мерки за штедење во пресрет на зимата.

Претходна статија

Бухова повеќе нема да го води ДСЗИ – најавена е нејзината смена

Следна статија

СДСМ: Блокираната сметка на НОБ е оставена од Дурловски и кадрите на ВМРО-ДПМНЕ од 2012 и 2013 година

Најново од Вести