Бухова повеќе нема да го води ДСЗИ – најавена е нејзината смена

/

Здравствените инспектори официјално ќе добијат нов шеф во Државниот санитарен и здравствен инспекторат.

Неизвесно е само кога разрешувањето на досегашниот прв човек Ирина Бухова ќе се најде на дневен ред на владина седница.

Нејзиниот мандат како директор заврши пред четири месеци, на четврти април и оттогаш таа беше поставена како вршител на должност до пронаоѓање на нејзината замена.

Тоа што е познато е дека таа и самата по истекување на мандатот побарала да се постави нов човек на таа позиција.

Државниот здравствен инспекторат е уште едно од местата околу кои се кршат политички копја за директорската фотелја.

Во јавноста имаше бројни шпекулации дека се подготвува смена на водечките кадри, но и предавање на директорската позиција во рацете на друга политичка партија од власта.

Засега сè уште не се знае кој ќе биде нејзиниот наследник, но според информациите кои ги има Телма, директорското столче нема да припадне на Алтернатива, партијата од којашто доаѓа министерот за здравство Беким Сали, туку новиот директор ќе биде поставен од СДСМ.



Во јавноста имаше шпекулации и за министерската фотелја и наводи дека Беким Сали докторот кој го замени Венко Филипче, размислувал да ја напушти функцијата.

Сали во телефонски разговор за Телма вели дека тоа се шпекулации кои имаат намера да ги дискредитираат сите започнати проекти кои сакаат да ги промовираат наесен, како што е нова опрема во повеќе болници со пари од Светска банка, односно средства кои останале во Фондот резервиран за борба со Ковид-19.

Ќе се опремуваат постоечките болници со нова апаратура, но ќе се промовира и планот на проектот за изградба на нов Клинички центар.

Министерот Сали најавува промена и на позитивната листа на лекови по цели 12 години, со изготвување и на нов Правилник.

Извор: Телма



Претходна статија

ВМРО-ДПМНЕ: Македонската опера и балет во мрак поради лошото менаџирање на кадрите на СДСМ и ДУИ

Следна статија

Вo четврток ќе биде прогласена кризна состојба во енергетиката

Најново од Вести