ВМРО-ДПМНЕ: ПАРИТЕ НА ГРАЃАНИТЕ СЕ ТРОШАТ НА МИЛИОНСКИ НАБАВКИ, ЗА КОИ ОДНАПРЕД СЕ ЗНАЕ КОЈА ФИРМА ЌЕ ГИ ДОБИЕ

//

Владата на СДСМ е синоним за криминал и корупција. Криминалниот картел е се само не отчетен и транспарентен.

Зоран Заев и криминалниот картел кој го води ги продаваат македонските национални интереси и во исто време вршат економски пустош.

Министерството за здравство, АД ЕЛЕМ и СОЗР се институциите преку кои се извршија сомнителни тендери и се врши набавка на скапи јадења.

Парите на граѓаните се трошат на милионски набавки, за кои однапред се знае која фирма ќе ги добие.

Министерството за здравство е министерство преку кое се извршуваат сомнителни набавки од фирми чија управа е во роднински врски со раководни лица на болници.



АД ЕЛЕМ е компанија преку која се извршија најсомнителните набавки на криминалниот картел. Договори во четири очи за милионски набавки за ископ на јаглен, договори во четири очи за набавка на работници и договори за превоз на руда на кои како превозник се јавуваат фирмите на Заеви.

АД ЕЛЕМ е претпријатието преку кое Кочо Анѓушев доби тендер од 2.6 милиони евра. АД ЕЛЕМ е синоним за партизација и испреплетеност на партијата и државата.

Смешно е за транспарентност и отчетност да зборува директорот на СОЗР, кој набргу по стапувањето на функција објави тендер за набавка на замрзната риба, октоподи и други морски плодови во висина од 400.000 денари.

Криминалниот картел не работи за граѓаните. Криминалниот картел работи на штета на граѓаните и државата. Овој криминал не смее да продолжи. Државата мора да се врати на правиот пат. Зоран Заев мора да падне, за да Македонија оди напред и Македонија да победи, се вели во соопштението на политичката партија ВМРО-ДПМНЕ.

Претходна статија

ВМРО-ДПМНЕ: ДОГОВОРОТ ЗАДИРА ВО МАКЕДОНСКИОТ ИДЕНТИТЕТ И ЈАЗИК И ДИРЕКТНО ГИ РАЗНИШУВА ТЕМЕЛИТЕ НА УСТАВНИОТ ПОРЕДОК

Следна статија

(ВИДЕО) ПРЕС-КОНФЕРЕНЦИЈА НА ПОРТПАРОЛИТЕ НА ВЛАДАТА НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА, МИЛЕ БОШЊАКОВСКИ И МУАМЕТ ХОЏА

Најново од Вести