Министерот за одбрана на Украина порачува: Русија од далеку гранатира мирни градови

/

Природата на настаните се менува. Руските окупатори се обидуваат барем некако да ја одржат борбената ефикасност на своите единици. Но, се помалку и помалку им успева. За тоа сведочат постојаните факти за заробување на групи руски војници и офицери. Како и одбивање да се продолжи офанзивата, вели украинскиот министер за одбрана Олексиј Резников.

-Во Русија роднините на заробениците и жртвите почнуваат да излегуваат на протести. Во тоталните лаги на руската пропаганда се појавуваат пукнатини.
Непријателот се исплаши од директен контакт со украинските бранители и бранителки. Затоа, тој се сврте кон криминалната тактика на далечинско гранатирање на мирни градови. Воздушни и ракетни напади од териториите на Русија и Белорусија врз станбени згради и училишта, гранатирање на породилишта со ракетни фрлачи со повеќе цевки  – ова е кукавичко однесување на оние кои немаат чест. Овие не се војници – ова се терористи, претставници на терористичка држава. И овој жиг ќе ги следи долго време, вели Резников и притоа додава:

-Непријателот подло пукаше врз мирниот Житомир. Ова е обид да се одмаздат за успешното извршување на задачата од страна на 95-та бригада на Операцијата за обединети сили. Окупаторите целат кон касарната на бригадата и кон околните куќи.
Напаѓајќи ги жените и децата на нашите војници, Кремљ воопшто нема да го постигне резултатот кон кој се стреми. Многу од нашите градови и села сега страдаат од рускиот терор, но речиси најмногу – Харкив, Мариупол и Херсон. Ова е уште еден доказ за тоа дека не постои „руски мир“. Има нацистичка идеологија во главата на неколку манијаци кои во овој момент ја држат власта во Русија.
А има и украински граѓани кои зборуваат различни јазици, одат во различни цркви и богослужби, заедно даваат херојски отпор на руските окупатори. И ние сигурно ќе победиме, вели министерот за одбрана на Украина.

Извор: Zoom. mk





Претходна статија

Седми ден од руската агресија, ова се мерките кои ги преземаат европските држави

Следна статија

Лавров: Трета светска војна би била нуклеарна

Најново од Вести