ВО СОБРАНИЕТО ПОЧНА РАСПРАВАТА ЗА ЗАКОНОТ ЗА СОВЕТОТ ЗА ЈАВНИ ОБВИНИТЕЛИ
Собранието денеска ја продолжи 135-та седница со Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за Советот на јавните обвинители на Република Македонија.
На дневен ред на оваа седница е и Предлог законот за јавното обвинителство, по кој расправата е веќе завршена и треба да се гласа. За донесување на овој закон е потребно двотретинско мнозинство.
За утре е закажана 137. седница на Собранието со единствена точка на дневниот ред – Предлог-одлука за распуштање на Собранието на Република Северна Македонија, поднесен од Талат Џафери.