|

ХОЛАНДИЈА ЌЕ ДОНИРА 3 МИЛИОНИ ЕВРА ЗА САНИРАЊЕ НА ШТЕТИТЕ ОД ЗЕМЈОТРЕСОТ ВО АЛБАНИЈА

Холандија одлучи да и донира три милиони евра за санирање на последиците од катастрофалниот земјотрес што ја погоди Албанија на 26 ноември минатата година .

Веста ја објави министерот за надворешни работи на Холандија, Штеф Блок, во видео запис на Твитер.

Холандија е силно посветена да и помогне на Албанија во нејзините напори за обнова. Во солидарноста со албанскиот народ, Холандија ќе донира три милиони евра – пишува Блок.

Инаку, Европската Комисија неколку дена по земјотресот одлучи да даде 15 милиони евра за Албанија за санирање на штетите од разорниот земјотрес.



Слични Објави