Митрески: Мицкоски прво немаше против Бугарите да влезат во Уставот, а сега е против

/

„Мицкоски викаше дека нема проблем Бугарите да влезат во Уставот, па сега вика да не влезат. Други високи функционери викаа дека нема проблем, сега велат нешто друго. Земјава влегува во скриниг процес, нема што да брзаме. Овој процес трае од 16 до 18 месеци, имаме време за уставните измени“ изјави координаторот на пратеничката група на СДСМ, Јован Митрески во Дневникот на Сител.

Тој додаде дека ќе се искористи времто за да се даде шанса на пратениците од опозицијата да размислат што прават и дали дејствуваат за државата и граѓаните или за нивните интереси.

„Таму има искусни и чесни луѓе, што ја сакаат државата. Нека си постават прашање зошто Бугарите не влегле во Уставот во 1991 или во 2001 година. Тогаш ние сме им нуделе да влезат, но не влегле бидејќи тие не сакале. Познати се нивните изјави дека ние сме ист народ што живее во две држави“ рече Митрески.



Пратеникот од СДСМ додаде дека со влегувањето на Бугарите во Уставот го потврдуваме и зајакнуваме идентитетот бидејќи се прави разлика меѓу македонскиот народ и дел од бугарскито народ што живее во нашата држава.



Претходна статија

Арсовска: Следат нови инвестиции за скопјани, новите проекти за цел имаат рамномерен развој

Следна статија

Се трага по исчезнато девојче од Ѓорче Петров

Најново од Вести