| | |

(Видео) Почесни титули и свечености по повод празникот на Софија

На свечена седница на Советот на град Софија денеска беа врачени признанијата „Почесен граѓанин на Софија“ и „Почесен знак на Општината“, јавува БНР.

Претходно заврши церемонијата на свечено кревање на знамето на градот и водосветот, кој беше одслужен од Неговото блаженство, бугарскиот патријарх Даниил, во сослужение со високи духовници пред црквата „Света Софија“.

На настанот присуствуваа претседателот Румен Радев, вицепретседателката Иљана Јотова и градоначалникот на Софија, Васил Терзиев, кој истакна дека „еден град не се само улици, паркови и транспорт. Основата на еден град се луѓето – нивните мисли, дела и вредности. Овој празник е симбол на четири вредности: вера, надеж, љубов и мудрост“.

Со „Почесен знак“ и со титулата „Почесен граѓанин“ беа одликувани бројни видни бугарски дејци и спортисти. Меѓу нив е и актерот и режисер Стефан Мавродиев, како и Виктор Лилов – најуспешниот бугарски олимпијадец по науки за 2024 година. Во текот на денот ќе бидат врачени и наградите на Општина Софија за извонредни достигнувања во областа на културата.

Свеченостите ќе продолжат вечерва од 19 часот со голем концерт пред храм-паметникот „Свети Александар Невски“.

Слични Објави