| |

ПЕТАР КОЛЕВ: ТРЕБА ДА СЕ БОРИМЕ ПРОТИВ СТЕРЕОТИПИТЕ КОН НАШИТЕ СОСЕДИ

„Во приквечерието на 76 годишнината од егзодусот на Евреите во Македонија (ноќта на 10 спроти 11 март 1943 г.), денес гостин ми е мојот драг пријател од еврејско потекло Александар Сиди. Со Александар сме пријатели повеќе од 10 години, сме работеле заедно, дури во еден период бев и негов советник.
Денеска тој е пратеник во Собранието на Р. Бугарија, а јас со својот предизвик како претседател на ГДУ. Млад и успешен човек, мој драг и достоен пријател.

Во Бугарија има многу политичари, допломати, бизнисмени, лекари, инжинери итн. со еврејско потекло. Ќе спомнам уште еден многу почитуван човек, г. Соломон Паси, поранешен министер за надворешни работи, кој ја внесе Бугарија во НАТО, мој но и пријател на Македонија.

Една од најубавите синагоги на Балканот се наоѓа во Софија и функционира и до ден денеска. Има многу прашања кои во иднина ќе го растресат нашето општество и ова е едно од тие прашања. Фашизмот заслужува и си ја добива својата осуда од целиот цивилизиран и развиен свет и по ова прашање нема компромис!

Овие факти барем за секунда би требало да не замислат како општество, особено во насоката на стереотипите кои сме ги изградиле кон нашите соседи“, напиша на својата официјална facebook страна, претседателот на Граѓанско Демократска Унија-ГДУ, Петар Колев.

Слични Објави