ФОТО: СОНЦЕТО ОД КУТЛЕШ СЕ ОТСТРАНУВА И ОД ШАХТИТЕ ВО СКОПЈЕ

Симболот на првото знаме на независна Македонија, Сонцето од Кутлеш, од понеделникот не смее да стои на ниту еден споменик, ниту пак институција или јавно место. Ова е „запечатено“ со договорот од Нивици на кој се согласи македонската Влада во јуни минатата година.

Владата издаде и наредба до општините да го отсранат Сонцето на Вергина на сите јавни места.

Денеска се отстрануваше од шахтите на улицата „Никола Кљусев“ кај МЕПСО во Скопје, јавува Скопје1.

Инаку, за периодот од шест месеци од стапување во сила на Договорот, кој инаку истече во понеделникот, власта се обврза симболот од Вергина да биде тргнат, а на спомениците што упатуваат на тој период да бидат истакнати ознаки дека се дел од античката хеленска историја и цивилизација.

Целиот напис прочитајте го овде.