На 30-ти март ќе бидат објавени резултатите од пописот, Симовски вели: Месец дена ќе бидам државен непријател, но ние не сме џубокс
Апостол Симовски, директорот на Државниот завод за статистика, во емисјтата „Студио 10“ на ТВ24 оибјави дека резултатите од септемврискиот попис на населението ќе бидат објавени на 30 март во Филхармонијата на РСМ.
– Нема да има покана за политички субјекти, но кој сака ќе дојде. Ќе биде премиерот како институција и гости од странство. Ќе има гости од земјите од Западен Балкан. Директорот на статистичкиот инстиотут од Грција, Словенија, Бугарија, Хрватска и Евростат, како и од Чешка и Полска, рече Симовски.
Симовски додаде дека во следните месец дена ќе биде државен непријател број еден откако ќе бидат објавени резултатите од националната статистичка операција, која патем не е одржана безмалку 20 години.
– Наредните месец дена ќе бидам државен непријател, но ние не сме џубокс за исполнување на желби, туку треба да направиме реална фотографија за населението, додаде Симовски.
Извор: Zoom. mk