ОСМАНИ: ПО ЗАВРШУВАЊЕТО НА ИЗБОРИТЕ ВО БУГАРИЈА ОЧЕКУВАМ ДА СЕ СОЗДАДЕ АМБИЕНТ НА ДОВЕРБА ЗА ДА СЕ СООЧАТ РАЗЛИКИТЕ КОИ ГИ ИМАМЕ

//

Министерот за надворешни работи Бујар Османи на денешната прес конференција, по новинарско прашање околу преговорите со соседна Бугарија, истакна дека првата фаза од разговорите може и не била баш најсоодветниот пристап.

„Првата фаза од разговорите може и не беше најсоодветниот пристап бидејќи сметаме дека најсоодветниот пристап е прво да разговараме за прашањата што не зближуваат, и за кои помалку имаме разлики со цел да се создаде еден доволен амбиент на доверба за да потоа да се соочат разликите кои ги имаме“, посочи Османи.

Тој смета дека во услови на недоверба и разликите кои што можат да бидат надминливи стануваат голема пречка.



„Тоа ми дава оптимизам дека овие два фактора, прво новиот пристап кој што го поставивме, а тоа е да се создаде доверба преку секторската соработка, преку акцискиот план, преку создавање на предвидливост на работата на Комисиите. Второ со завршување на изборниот процес да вратиме еден амбиент на рационална дебата која што очекувам да се случи од понеделник, со цел сериозен ангажман на двете страни во надминување на разликите за да се добие можност во самитите на Европската Унија да се добие консензус по однос на текстот на преговарачката рамка и одржување на првата меѓувладина конференција“, истакна Османи.

Претходна статија

12 ЛИЦА ГО ПРЕКРШИЛЕ ПОЛИЦИСКИОТ ЧАС, А 409 ДОБИЛЕ КАЗНИ ЗА НЕНОСЕЊЕ МАСКА

Следна статија

СО „УЧИ ПАМЕТНО, РАБОТИ СТРУЧНО“ ОБЕЗБЕДУВАМЕ ПРАКСА И ПОТЕНЦИЈАЛНО ВРАБОТУВАЊЕ ЗА МЛАДИТЕ

Најново од Вести