| |

СВЕДОК ВО СЛУЧАЈОТ „ТИТАНИК“: СЕ ИЗДАВАА ЛИЧНИ КАРТИ ВО ОПШТИНИТЕ КАДЕ ВМРО-ДПМНЕ ИМАШЕ НАЈСЛАБ РЕЈТИНГ

Јадранка Галевска, поранешна началничка на Одделот за управни работи во Скопје на денешното сведочење за случајот „Титаник“ рече дека незаконски биле издавани лични карти, најголем број  во општините каде тогашната владејачка ВМРО-ДПМНЕ имала најслаб рејтинг, пренесува МКД.МК.

Галевска при директното испрашување од обвинителката Лиле Стефанова наведе дека заедно со началници од другите општини била повикана на разговор во 2012 година кај тогашниот шеф на кабинетот на минсистерот за вантрешни работи Кире Тодоровски каде им било кажано дека ќе треба да се издаваат лични карти.

„Во ниту еден момент не помислив дека зад тоа се случува нешто друго. Како што се сеќавам тогаш во просторијата влезе накратко и тогашната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкулоска и само праша дали сѐ е во ред“, изјави Галевска.

Таа наведе дека отприлика по десетина дена повторно имала средба со Кирил Тодоровски и го прашала како ќе се одвива целата работа по што тој ѝ образложил дека ќе доаѓаат лица од Преспа и ќе им се издаваат лични карти, а за сето тоа за контакт ќе биде Мунир Пепиќ, кој лично ќе доаѓал кај неа, а со цел да не им ги прислушуваат телефонските разговори.



Слични Објави