Скопјанка чистела по станови и украла накит во вредност од 960.000 денари

/

Полициски службеници од СВР Скопје вчера ја лишиле од слобода скопјанката М.А. (45), осомничена дека во претходниот период извршила кражби во три станови во Скопје, при што одзела накит со вкупна вредност од околу 960.000 денари.

Таа била пријавена на 14.03.2022 од сопственичките на трите станови, информираа денеска од МВР, каде повремено било ангажирана за чистење, дека ја искористила нивната доверба и во повеќе наврати одзела поголемо количество златен накит.

– На 16.03.2022, врз основа на судска наредба, биле извршени претреси во домот на М.А. и во домот на нејзината мајка, при што бил пронајден дел од накитот, кој бил вратен на сопственичките. М.А. била приведена во полициска станица и по целосно документирање на случајот против неа ќе биде поднесена соодветна пријава, појаснуваат од МВР. 



Претходна статија

На 30-ти март ќе бидат објавени резултатите од пописот, Симовски вели: Месец дена ќе бидам државен непријател, но ние не сме џубокс

Следна статија

(Видео) Пашкулев: Ако си приврзаник на Српскиот свет и на Отворен Балкан тогаш немаш место во ЕУ

Најново од Вести