(Видео) Пашкулев: Ако си приврзаник на Српскиот свет и на Отворен Балкан тогаш немаш место во ЕУ
Многу е важно Бугарија во моментот да биде стабилен сојузник на НАТО, бидејќи ние сме земја од црноморскиот регион. Ние имаме ангажман за безбедноста не само на нашата држава, но и за безбедноста на РС Македонија. Ова го изјави Георги Пашкулев, главен уредник на бугарската информативна агенција БГНЕС во емисијата Hyde Park за порталот Трибуна.
„Со нашата стабилна позиција како натовска држава ние ќе ја помогнеме не само нашата модернизација туку и модернизацијата на РС Македонија. Ќе помогнеме за тоа да бидат отфрлени старите заблуди кои што се поврзани со српскиот свет на диктаторот Вучиќ со анти-натовскиот наратив и со сето она што сака да не раздели. Многу е важно Бугарија да го искористи овој момент за да се модернизира себеси и Македонија за да може Македонија што поскоро да ги започне преговорите за влез во Европската унија, бидејќи ако ти си приврзаник на Српскиот свет и на Отворен Балкан тогаш немаш место во ЕУ туку во српско-руските проекти, кои што ние сакаме да ги победиме“, истакна Пашкулев.
Меѓу Бугарија и Русија постои огромен јаз кој што не може да биде заполнет затоа што Русија незаслужено го фаворизира Белград и поради тоа ние Бугарите и нашите браќа крај Вардарот сме разделени и страдаме.
„Во Првата светска војна ние војувавме против Русија и ја победивме на фронтовите во Добруџа, токму заради слободата на сите Бугари во Македонија и во Бугарија. Токму тоа покажува дека ние секогаш сме ја поставувале нашата национална кауза над пријателските односи „со Русија“.“
Пашкулев додава дека дури и за времето на комунизмот кога Бугарија била сателитска држава на СССР, Москва го фаворизирала Белград.
„Дури и во времето на комунизмот кога ние бевме сојузници и бевме сателит на Советскиот Сојуз, Русија го фаворизираше Белград во однос на Софија. Ние тоа никогаш нема да го заборавиме“, истакна Пашкулев.
Во однос на русофилството во Бугарија и путинизацијата на дел од бугарското општество, Пашкулев вели дека путинизацијата во Бугарија е независна од вистинската путинизација која што постои во Русија.
„Терминот путинизација има свој живот во Бугарија, независен од вистинската путинизација која што постои во Русија. Овој термин се користи од политичките партии за внатрепартиско препукување. Одговорот дали нашата земја има путинизација го даваат политичарите кои најчесто се обвинувани во тоа, додека нивните деца учат во престижни американски универзитети“, вели Пашкулев.
Во однос на публикациите во одредени бугарски медиуми дека дел од бугарското општество има лош однос кон украинските бегалци во Бугарија, Пашкулев вели дека во Бугарија нема лош однос кон бегалците и дека тоа го видел со сопствените очи.
„Бугаринот нема лош однос кон украинските бегалци. Тоа го видов со моите сопствени очи во мојата поранешна руска гимназија каде што децата собираа помош по сопствена иницијатива за настраданите Украинци. Тие не се единствени, илјадници Бугари помагаат со се што можат, а некои дури и ги даваат своите домови на прогонетите од војната“, вели Пашкулев.
Во однос на русофилството и путинизацијата во Бугарија Пашкулев вели дека во Бугарија има русофилство но нема класична путинизација.
„Да, има луѓе кои поради пропагандата поддржуваат политичари како Владимир Путин, но со текот на оваа ужасна војна нивниот број се намалува“, изјави Пашкулев.
Што уште кажа главниот уредник на БГНЕС Георги Пашкулев погледнете во видеото што следи:
