Бугарите од Македонија кон политичарите: Решете ги прашањата, нивното одложување ќе ги руши односите помеѓу Софија и Скопје

//

„Ние настојуваме да се решат сите спорни прашања сега, пред да започнат преговорите на РСМ со ЕУ. За да нема никогаш повеќе предуслови Бугарија да го стопира тој процес. Ние работиме и се стремиме за брз напредок, откако ќе се решат проблемите, а не кон идни неразбирања и нови блокади. Аргументите против подлата и недобронамерна позиција, којашто има за цел сега да ги затвориме очите пред отворените прашања, се многу. Тие имаат за цел да ги занемариме овие прашања, така што тие или никогаш да не се решат или да постават сериозна замка во процесот на европска интеграција на РСМ. Членството во ЕУ би требало да биде резултат од исполнување на критериуми и споделување на вредности, а не само стремеж кон придобивање на европските фондови.

Потпирајќи се на денешната ситуација на руската инвазија во Украина, одредени сили повикуваат веднаш и безусловно да се започнат преговори на РС Македонија со ЕУ, без оглед на тоа што нема никаков напредок по спорните прашања. Во овој случај нема како да не потсетиме на клучната улога на Советскиот Сојуз во процесот на создавање на македонизмот и неговото насилно наметнување како државна политика во Бугарија и Југославија.“

Ова се наведува во отвореното писмо на организациите на македонските Бугари од РСМ, испратено до претседателите и премиерите на Бугарија и РС Македонија – Румен Радев, Стево Пендаровски, Кирил Петков и Димитар Ковачевски.

Агенција БГНЕС го објавува целиот текст од писмото без скратување:

Се обраќаме кон Вас и кон бугарската и македонската јавност во овој момент на предизвици пред Европа, но и пред човештвото, во позадината на ужасната војна во Украина. Како луѓе, коишто длабоко во себе си го носиме разбирањето за слободата, правото на избор и желбата нашите земји да се развиваат по патот на демократијата и благосостојбата, нема како да не се возмутиме и категорично да се спротивставиме на оваа братоубиствена војна. Недопустливо е во 2022 година во Европа некој со сила да наметнува избор на друг.

Кога говориме за оваа агресија, нема како да не потсетиме на суштинската улога на Советскиот сојуз во процесот на создавање на македонизмот и неговото насилно наметнување како државна политика во Бугарија и Југославија. Нема како да ја прескокнеме премолчената согласност на Москва за сите тие насилни и нечовечки постапки на комунистичкиот режим и во Југославија и во Бугарија, особено против македонските Бугари, коишто беа подложени на прогони и репресии за да се одречат од името Бугарин. Илјадници македонски Бугари, само и единствено затоа што беа Бугари, поминаа низ логорите и затворите, а многумина беа убиени без суд и пресуда.

Немa како да ја заборавиме Крвавата Коледа, судбината на Георги Карев – брат на легендарниот војвода Никола Карев (измачуван и убиен во затворот „Идризово“), судбината на Димитар Талев (златното перо на град Прилеп, поминал години во комунистичките логори во Бугарија). Браќата Димитар и Јордан Чкатрови, Димитар Ѓузелев и многу други интелектуалци, егзекутирани од комунистичкиот режим во Скопје.

Мора да забележиме, дека и во денешно време хибридната агресија не ги испушта од свое внимание односите меѓу Бугарија и Македонија. Посегнувањето по бугарското културно и историско наследство, двете и двосмислени посланија на амбасадите на Руската Федерација во Скопје и Софија налеваат дополнително масло во огнот на недоразбирањето.

Згора на сето ова, се појави и една чудна теза на демек евроатлантичари, божем луѓе со јасни демократски позиции. Тие се обидуваат, потпирајќи се на денешната ситуација на руската инвазија во Украина, да повикаат веднаш и безусловно да се започнат преговори на РС Македонија со ЕУ, без оглед на тоа што нема никаков напредок по спорните прашања. Овие луѓе дури спомнуваат за некаква сличност меѓу дејствијата на Москва и Софија.

Спомнатите луѓе дејствуваат или наивно, или се материјално мотивирани или дејствуваат под друга форма. Но, всушност, несвесно (или можеби сосема свесно) служат на интересите на Кремљ или на кој и да било друг центар, којшто има интерес да не бидат решени спорните прашања меѓу Бугарија и Македонија. Затоа што ставањето на нерешените проблеми меѓу Софија и Скопје под килим ќе предизвика сериозен проблем во процесот на европската интеграција на Македонија, подготвувајќи ни турски или српски сценарија за преговори, коишто ќе траат со децении. Бидејќи поставувањето на една нереформирана Македонија на европскиот пат, всушност во ЕУ ќе внесе уште извршители на кремљските интереси. И уште повеќе, за нас, луѓето кои ревносно го запазиле своето бугарско сознание во Македонија, ќе биде погубно ако бугарската јавност си ги затвори очите пред проблемите. Тоа е директна опасност за нас. Бидејќи ЕУ не треба да се користи за легитимирање на кршење на човечките права и достоинство на Бугарите во Македонија.

Точно поради тие причини, ние настојуваме да се решат сите спорни прашања сега, пред да започнат преговори на Република Северна Македонија со ЕУ. За да нема никогаш повеќе предуслови Бугарија да го стопира тој процес. Ние работиме и се стремиме за брз напредок, откако ќе се решат проблемите, а не кон идни неразбирања и нови блокади. Оставањето на нерешени проблеми меѓу Македонија и Бугарија во преговарачкиот процес не е од интерес ни на Бугарија, ни на Македонија, ниту на македонските Бугари, а всушност е само во интерес на тие, коишто сакаат да се забави или да се блокира тотално процесот на европска интеграција на Македонија. И да создадат нови тензии меѓу нашите две земји.

Бугарија прва ја призна независноста на Македонија. Позицијата на бугарската држава секогаш била во поддршка на територијалната целост и независност на Република Северна Македонија. Денес нашата земја е членка на НАТО, коешто се случи со решително учество на Бугарија. Беспорен, мудар и поддржан од сите нас пат од гледна точка на геополитиката и на сигурноста на Балканот. Така безопасноста на Република Северна Македонија е гарантирана.

Со членството во НАТО прагматичните интереси на Северна Македонија се заштитени. Но, кога станува збор за членството во ЕУ би требало тоа да биде резултат од исполнување на критериуми и споделување на вредности, а не само стремеж кон придобивање на европските фондови.



Почитување на човековите права, особено правото на самоопределување, правото на работа, не се ли едни од основните столбови врз кои се гради разбирањето на европските вредности? Зошто и до денес во Република Северна Македонија се допушта да има граѓани од „втора категорија“, каков што е примерот со македонските Бугари? Зошто да не го решиме тоа прашање сега и кои се тие антиевропски сили, коишто сакаат да постават „темпирана бомба“ во преговарачкиот процес на Македонија?

Јазикот на омразата, којшто се генерира во образовниот процес и фалсификувањето на историјата на Македонија не е ли директен напад против европските вредности и разбирањето за добрососедство? До кога нашите деца ќе бидат навредувани, дека се внуци на „фашисти, окупатори, убијци“? До кога сите деца на Македонија ќе бидат озарени со омраза кон Бугарија, која што всушност е и омраза кон идејата за Европа без граници? Зошто да не ги решиме тие прашања сега и кои се тие сили, кои сакаат да ја постават оваа замка во преговорите на Македонија со ЕУ?

Правото на самоопределување е универзална човечка вредност, која се однесува и кон луѓето коишто не се меѓу живите. До кога некој ќе си дозволува, особено во Северна Македонија, да го променува самоопределувањето на луѓе кои починале пред 50 или 100 години, да ги променува нивните каузи, да ја фалсификува историјата и сето тоа да биде користено за индоктринација на помладото поколение со јазикот на омраза кон Бугарите? Почитувањето на историјата, заштитата и почитта на културно – историското наследство не се ли европски вредности?

До кога ќе го толерираме фактот, дека престапите и коштунствата на комунистичкиот режим во Југославија, особено тој кон македонските Бугари, ќе останат тајна за светот и за нас? Архивите на комунистичките служби треба да бидат отворени, за да се дознаат сите вистини за „џелатите“ на нашиот народ во Македонија и да ги осудиме нивните зла? Тоа не е ли европска вредност? Зошто илјадниците убиени и репресирани Бугари во Македонија после 1944 година сѐ уште не се политички и морално рехабилитирани?

Во оваа насока можат да бидат изброени и уште многу аргументи. Аргументи против подлата и недобронамерна позиција, којашто има за цел сега да ги затвориме очите пред отворените прашања. Да ги занемариме овие прашања, така што тие или никогаш да не се решат или да постават сериозна замка во процесот на европска интеграција на Република Северна Македонија.

Мораме да забележиме, дека истите кругови, коишто го сакаат тоа, отворено го поддржаа вклучувањето на РС Македонија во иницијативата „Отворен Балкан“, во којашто влегува Србија и Албанија. Со таа иницијатива широко беа отворени вратите за економски влијанија, концентрирани во Белград. А тие влијанија со сигурност не се европски, уште помалку се на НАТО.

И кога станува збор за Белград, да не го пропуштиме фактот, дека Србија со години води преговори со ЕУ и оваа реалност не одигра голема улога за намалување на руското влијание. Точно обратно – ги отвора и ќе ги отвори пошироко вратите за тоа влијание во Европа. Тоа ли е судбината којашто тие, демек загрижени луѓе, ја подготвуваат за Република Северна Македонија?

Северна Македонија прво треба да ја доживее својата катарза. Сѐ друго би било самоизмама.

А ако денес некој се ослонува на притисокот од Европа или САД, треба да разбере, дека евроатланскиот притисок секогаш е за вистинско решение на отворените прашања, а не за нивно запоставување. Затоа уште еднаш напомнуваме, дека силите, коишто предлагаат спорните прашања меѓу Скопје и Софија да не се решаваат, а да се одложуваат, се истите сили, коишто се во интерес на Кремљ. И нивното суштествување го поврзуваат – свесно или не – имено со тие интереси.

Точно затоа ние, организациите на македонските Бугари, се обраќаме кон Вас да ве охрабриме да ги решите политичките предизвици меѓу Бугарија и Северна Македонија и да пристапите кон почеток на преговори со ЕУ, само кога ќе има реални гаранции за трајни решенија. Затоа што тие решенија директно не засегнуваат нас, нашите предци, но и нашите деца.

Писмото е потпишано од Љупчо Георгиевски – КЦ „Иван Михајлов“ – Битола, Елизабета Најдоска Величкова – Здружение „Трибуна“ – Прилеп, Добре Митрев – Здружение „Македонско-бугарско пријателство“ – Скопје, Владимир Перев – Здружение „Коридор 8“ – Скопје, Владо Треневски – Здружение „Интеракција“ – Охрид, Столе Велков – Здружение „Единство“ – Кочани, Петар Колев – ПП Граѓанско демократска унија.



Претходна статија

(Видео) Пашкулев: Ако си приврзаник на Српскиот свет и на Отворен Балкан тогаш немаш место во ЕУ

Следна статија

Русија ја отфрли пресудата на Судот на ОН за запирање на инвазијата во Украина

Најново од Вести