|

Русија ја отфрли пресудата на Судот на ОН за запирање на инвазијата во Украина

Кремљ ја отфрли пресудата на највисокиот суд на Обединетите нации да го прекине нападот врз Украина, велејќи дека двете страни морале да се согласат да ги прекинат непријателствата за да се спроведе судската одлука.

Говорејќи денеска пред новинарите, еден ден откако Меѓународниот суд на правдата (МСП) со седиште во Хаг ја објави одлуката дека е „длабоко загрижен“ од неиспровоцираната инвазија на Москва, портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, рече дека „не може да ја земе во предвид оваа одлука“.

Судиите на МСП гласаа со 13 спрема 2 за предметот поднесен од Киев за руските обвинувања за геноцид од страна на Украина, што Москва го искористи како еден од изговорите за започнување на инвазијата на 24 февруари.

Но, Песков рече дека „не може да се добие согласност од двете страни во овој случај“, така што пресудата не е валидна.

Извор: zoom.mk



Слични Објави