МАКРОН ЌЕ ДАДЕ ПОДДРШКА ЗА ОТВОРАЊЕ ПРЕГОВОРИ, АКО ИМАМЕ ПОЗИТИВЕН ИЗВЕШТАЈ
Претседателот на Франција Макрон денеска во Минхен изјави дека ако резултатите од Извештајот на Европската комисија во март за Северна Македонија и Албанија се позитивни тој би поддржал отворање на преговори со нив за да станат членки на Унијата, објави Ројтерс.
„Го чекаме извештајот во март, во зависност од тоа дали резултатите се позитивни и дали има доверба тогаш би биле во позиција да одобриме почеток на преговори, изјави Макрон на 56. Минхенска безбедносна конференција.