КОЛЕВ ДО СДСМ И ВМРО-ДПМНЕ: И ВРАПЧИЊАТА ЗНААТ ДЕКА ВРАБОТУВАТЕ ПРЕКУ ПАРТИСКИТЕ ШТАБОВИ
„Многу невоспитано, невкусно и арогантно е да спорат и да се караат преку медиумите СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ во Штип, но и насекаде во Македонија и особено во „заборавениот Исток“, кој од нив повеќе или помалку вршел партиско-политички вработувања, условени со списоци од 10 или 20 луѓе кои да гласаат за нив.
Аманте колеги, доста е ја претеравте веќе!
Па и врапчињата знаат дека нема ниту едно вработување без разлика дали во владеењето на едните или другите, кое не е партиско-политичко, преку партиските штабови и не е сврзано со список од 10 или 20 гласачи, а богами често е сврзано со определена сума на пари која се плаќа. Тоа е вистината!
Ова за жал ми звучи како приказната за магарето и зајакот и нивните уши“, напиша на својот facebook профил лидерот на ГДУ, Петар Колев, како коментар на последното предизборно препукување меѓу локалните ограноци на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ во Штип.