|

Скопјанец пијан удрил во возило на МВР

На 11 март 2026 година околу 21:05 часот во СВР Скопје било пријавено дека во селото Батинци, скопско, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „форд“ со скопски регистарски ознаки, управувано од А.Н.(41) од Скопје и патничко возило „шкода“, сопственост на МВР, управувано од И.М.(34) од Скопје.

Во несреќата со телесни повреди се здобиле возачот на возилото „шкода“ и двајца негови сопатници од Скопје, кои биле пренесени во Комплексот клиники „Мајка Тереза“.

По извршениот увид од страна на увидна екипа на СВР Скопје, кај возачот А.Н. биле измерени 0,91 промили алкохол во крвта, по што по насока на јавен обвинител тој бил приведен во полициска станица.

По целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.

Слични Објави