| |

ЗА И ПРОТИВ ЕТНИЧКАТА ПРИПАДНОСТ ВО ЛИЧНИТЕ КАРТИ

Беса предлага етничката припадност да се вметне во документот за лична идентификација, најголем дел од парламентарните партии немаат против, но дали ова може да доведе до нови поделби?

Етничкиот белег во личните карти нема да биде поттик за поголема поделба по етничка основа, велат одБеса, партијата која иницира во личните карти да се внесе и етничката припадност на сите етнички заедници предвидени со Уставот.

СДСМ смета дека предлогот треба да се прифати оти сме мултиетничка држава. Поддршка доби и од коалициониот албански партнер ДУИ. ВМРО-ДПМНЕ исто така не гледа проблем во личните документи граѓаните да се идентификуваат по етничка основа, но не прифаќаат во нив да стои „северна“, оти уште е рано за тоа. И партиите од опозицискиот албанскиот блок, Алијанса за Албанците и Алтернатива го прифаќаат предлогот за етнички лични карти. На предлогот пак се противи Левица, која поднесе илјадници амандмани.

Предлогот да се разграничи државјанството со етничката припадност и тоа да се впише и во личните карти беше услов Беса и СДСМ да направат коалиција за настап на парламентарните избори. Кастриот Реџепи од Беса вели дека за етничката графа во личната карта се договарало уште од уставните промени. Според него, законот нема да биде поттик за поголема поделба по етничка основа, туку може да биде само вредност плус.

Целиот напис прочитајте го овде.

Извор: Радио Слободна Европа

Слични Објави