(ВИДЕО) „КОРИДОР 8“: БАЛКАНОТ И КИНА
Наjновата епизода од македонско-бугарската седенка „Коридор 8“ веќе е факт. Тема на емисијата беше „Балканот и Кина“.
Кинески истории со Антониjа Цанкова (Софиjа), Игор Радев (Скопje) и Васко Цветковски (Ресен).
Професор Антониjа Цанкова студирала кинеска филологија во Санкт Петербург. Таа е раководител на Катедрата за кинески студии на Софискиот универзитет „Св. Климент Охридски“. Таа е преведувач на највисоко државно ниво, вклучително и на состаноците на бугарските државници со кинескиот претседател Си.
Д-р Игор Радев студирал класична филологија во Скопје, потоа студирал кинески јазик и докторирал во Кина. Тој е најистакнат преведувач на кинески класични текстови во Македонија.
Васко Цветковски е класичен филолог со силен интерес за кинеската култура, историја и општество.
