| |

Белград откри плоча посветена на Србите убиени во Стара Србија /Македонија/ од бугарските ѕверови

Државниот секретар во српското Министерство за труд и социјала, Дејан Антиќ, лично „откри плоча во спомен на Србите убиени во Стара Србија /Македонија, белешка ред./ од бугарските фашисти и окупатори“, јавува БГНЕС.

Плочата, која е во спомен на загинатите во градот Тетово, денешна РС Македонија, е откриена во Владичин хан, во Поморавието. Градот е административен центар на општина Владичин хан, округ Пчиња, Србија.

„Тетовските маченици се само еден пример кој открива каква политика воделе бугарските окупаторски власти кон српското население во Јужна и Стара Србија за време на Втората светска војна. Тоа е истата политика на бришење на српското семе што ја имале предците на бугарските фашисти ја почнале во есента 1915 година, полнејќи ги јамите во Сурдулица со тела на луѓе кои не се откажаа од своето српско име и одбија да го прифатат новиот бугарски идентитет“, рекол Антиќ за време на официјалната церемонија.

Според него, „мачениците на Тетово се група од десет истакнати Срби од Тетово, кои бугарските власти во средината на октомври 1915 година ги однеле во Владичин Хан, а потоа ги убиле на брутален начин во Среската дирекција“.

„Со зачувување на споменот на тетовските маченици демонстрираме одговорност и длабока почит кон сите наши долготрпеливи предци.Токму таква е политиката на Министерството за труд и лично на министерот Никола Селаковиќ – да има брутална пресметка со заборавот. Секое српско страдање, секое парче српска земја или камен, врз кој е пролеана српската крв на нашите татковци и дедовци, да биде обележано и зачувано како наше најголемо светилиште“, вели уште Антиќ.

На свеченото отворање присуствуваа претседателот на општината Владичин хан, Горан Младеновиќ од општина Власотница, Братислав Петровиќ од Сојузот на воените наследници, како и претставници од Сојузот на Србите од Тетово. Тука бил и епископот врањски Пахомиј.

БГНЕС потсетува дека во сите научни трудови, вклучително и новообјавените во Србија, Македонија се споменува само и исклучиво како „Стара Србија“. Досега немало ниту еден официјален протест од страна на властите во Скопје.



Слични Објави